Вршиме ремонтни работи на мелници за јаглен и додавачи за јаглен во термоенергетските постројки, како и санација и замена на канали за воздух, канали за аеросмеша, канали за издувни гасови и горилници за јагленов прав.
Обезбедуваме услуги за монтирање и демонтирање на производствени, индустриски, магацински и хали за работилници, и изработуваме преносливи канцелариски и магацински контејнери за градилишта со стандардни или сопствени големини. Исто така, вршиме и демонтажно-монтажни работи на секундарни челични конструкции на индустриски објекти.
Вршиме антикорозивна заштита на челичните конструкции што ги изработуваме.
Компанијата главно ги извршува своите активности во термоелектрани, печки за согорување отпад, рафинерии за нафта и петрохемии, цементарници, градски топлани, како и други индустриски објекти.