ПДВ ИНЖЕЊЕРИНГ ДОО е друштво со ограничена одговорност основано 2015 година како компанија со приоритетна дејност во областа на изведување на термоизолаторски и скеларски работи на индустриски објекти во Република Србија.
Први клиенти беа кинеските компании кои беа ангажирани на изградба на постројки за десулфурирање на димни гасови на термоелектраната Костолац Б. Компаниите CMEC (China Machinery Engineering Corporation) и NEPC2 (Northeast NO.2 Electric Power Construction Company) на тогаш малата фирма ѝ доверија толку голем дел од проектот, те целокупната изработка и монтажа на топлинската изолација на ODG постројката што го доведе ПДВ ИНЖЕЊЕРИНГ ДОО во самиот врв во дејноста индустриска термоизолација во Република Србија.
Набрзо по основањето компанијата ја проширува својата работна дејност првин на браварски и заварувачки работи, а во следните години во своето работно портфолио додава и санации и реконструкции на огноотпорни конструкции, изградба на топловодни инсталации, како и чистење на индустриски објекти со индустриски правосмукалки. Компанијата главно ги извршува своите активности во термоелектрани, печки за согорување отпад, рафинерии за нафта и петрохемии, цементарници, градски топлани, како и други индустриски објекти.
ПДВ ИНЖЕЊЕРИНГ ДОО денес претставува модерна и брзорастечка компанија чие име е препознатливо во својата бранша како синоним за квалитет, прецизност, сигурност, одговорност и точност во почитувањето на роковите. Во своите деловни активности, компанијата користи најсовремена опрема, механизација, машини, алати, уреди и неопходни транспортни средства. Нашите стручни и обучени вработени ги имаат сите соодветни дипломи, сертификати и лиценци потребни за реализација на сите работи и услуги од нашето портфолио. Исто така, при изведувањето на работите и давањето услуги, компанијата особено се грижи за зачувување на чиста и здрава животна средина.
Во рамките на компанијата работат Претставништвото во Сојузна Република Германија и фирмата ќерка ПДВ ИНЖЕНЕРИНГ КРАПИНА ДОО во Република Хрватска.
ПДВ ИНЖЕНЕРИНГ ДOO во својот бизнис план има и формирање центар за обука на работници за дефицитарни занимања во Република Србија, како што се изолатори, скелари, огноотпорни ѕидари, бравари и заварувачи, со што би се исполнила една од главните цели за политиката за квалитет на компанијата, а тоа е континуирано унапредување на вработените со цел подобрување на квалитетот на работите, зголемување на нивото на безбедност при работа, како и со цел подигање на свеста за важноста од зачувување, заштита и унапредување на животната средина.
Компанијата главно ги извршува своите активности во термоелектрани, печки за согорување отпад, рафинерии за нафта и петрохемии, цементарници, градски топлани, како и други индустриски објекти.