ПДВ ИНЖЕЊЕРИНГ ДОО изведува работи на монтажа и демонтажа на цевкасти и модуларни „Layher“ скелиња со користење на атестирани елементи на скеле и персонален капацитет обучен и сертифициран за ваков вид на работа. Располагаме со околу 50.000 m² модуларни скелиња и околу 20.000 m² цевковидни скелиња. За сите скелиња кои ги правиме вршиме и изработка на проектот на скелињата и на целата придружна техничка документација.
Компанијата главно ги извршува своите активности во термоелектрани, печки за согорување отпад, рафинерии за нафта и петрохемии, цементарници, градски топлани, како и други индустриски објекти.