Компанијата 2016 година ги прифаќа и воведува стандардите ISO 9001, ISO 14001 и ISO 45001 (ex OHSAS 18001), за кои е сертифицирана од страна на лиценцираното тело за сертификација и имплементација на стандардите. Во 2019 година ги воведува и стандардите ISO 50001 и ISO 27001 a 2022 годинаи стандардите EN 1090-1, ISO 3834-2, ISO 3834-3, ISO 22301 и ISO 37001 за кои е сертифицирана.
Компанијата поседува и лиценца I052M1 за изведување на термотехнички, термоенергетски, процесни и гасни инсталации за термоелектрани со сила од 10 MW и повеќе.
Компанијата главно ги извршува своите активности во термоелектрани, печки за согорување отпад, рафинерии за нафта и петрохемии, цементарници, градски топлани, како и други индустриски објекти.